Барање податоци по основ категории на пензиско осигурување

РС Боби 99 дооел made this Freedom of Information request to Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија

 

БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

To: Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија

РС Боби 99 дооел

Од зграда на ул.Моша Пијаде 10/А Кавадарци:

Управител со зградата РС Боби 99 дооел Прилеп:

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
“РС Боби 99“ управител на зградата “Моша Пијаде 10/А“ Кавадарци, согласно чл.15, чл.28 и чл.33 од законот за домување вршиме месечно фактурирање на заедничкиот трошок на зградата сразмерно на сите сопственици во влезот. За сопственикот на станот број 14 - поведен е предмет за принудна наплата на долг пред извршител Ангел Костадиновски со Ибр.595/21 но според Потврда издадена од ФПИО на ден 21.10.2022г. истиот прекинува со извршување од причина што се потврдува дека должникот е корисник на минимална пензија. Поради нашата обврска како управител да дадеме отчет пред станарите за наплатата кон фондовите на зградата и неможноста да се изврши наплата од горе наведеното лице по основ Вашата потврда од 21.10.2022г. Ве молиме да ни доставите одговор / дообјаснување на Потврдата за следните податоци:
1.како се утврдува статус дека едно лице е корисник на минимална пензија?
2.по основ кој правилник или друг вид документ се утвдрува припадноста на осигуреникот на дадена категорија на пензија; во конкретниот случај минимална пензија?
3. колку изнесува најнискиот и највисокиот износ на минималната пензија?
4. кој е должен да го надомести трошокот/долгот на осигуреници кои се изземат од наплата по основ припадност во категории на минимална односно социјална пензија?
Согласно законот за заштита на лични податоци во барањето не се наведени податоците на осигуреникот и неговиот пензиски број, Ве молиме истите да ги преземите согласно Вашата потврда издадена на 21.10.2022г. по барање на извршител Ангел Костадиновски по Ибр.595/21.
Со почит,

РС Боби 99 дооел

Dear Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија,

Ве молиме проследете го ова до личноста која управува со барањата за слободен пристап до информации.

Пишувам со цел да побарам детален преглед од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија за разгледувањто на моето барање за слободен пристап до информации 'Барање податоци по основ категории на пензиско осигурување'.

[ Вашиот одговор ни е исклучително важен во нашето секојдневно работење со оглед на фактот што во последно време се соочуваме со се поголем број на исклучоци и изземања од извршување за должници кои уживаат одреден статус на пензиско осигурување, а со тоа директно се оштетуваат фондовите на станбено деловните о=бјекти и комплекси. Ве молиме доколку не можете/не располагате со бараните податоци да ни дадете насока од каде истите би можеле да ги добиеме. ]

Целосна историја за моето барање и сите кореспонденции се достапни на интернет на следнава адреса: https://slobodenpristap.mk/request/baran...

Yours faithfully,

РС Боби 99 дооел