Активни концесии за експлоатација во околината на с.Лабуништа Струга

Одговорот на барањево е со пречекорен рок. Според законот, под сите околности, Министерство за економија требаше да одговори до сега (детали). Можете да се жалите така што барање на детален преглед.


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

До: Министерство за економија

Од (се наведуваат податоци за Барателот):
Здружение за екологија планинарење и туризам НАТУРА-ЛАБ Лабуништа

Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
Алим Салоски - Претседател

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Список на активни концесии за експлоатација на суровини и материјали во околината на с.Лабуништа, Струга, во кој ќе бидат содржани сите елементи т.е. Концесионер, датум на издавање, број на договор, времетраење на договор и локалитет со координати на секоја прекршна точка.

Со почит,
НАТУРА-ЛАБ Лабуништа