Барање информации за стратегии за превенција на криминал

Елена Димовска made this E Drejta e Informimit request to Министерство за внатрешни работи

This request has been closed to new correspondence from the public body. Contact us if you think it ought be re-opened.

 

Kërkesa ishte e suksesshme.


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Për: Министерство за внатрешни работи

Елена Димовска

Од (се наведуваат податоци за Барателот): Елена Димовска

Застапник/полномошник на барателот на информацијата: /

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

1. Дали постои национална стратегија за превенција на криминал?
Доколку постои, Ве молам да ми ја испратите електронски.

2. Дали постои посебна национална стратегија за превенција на современи форми на криминал?
Доколку постои, Ве молам да ми ја испратите електронски.

3. Која организациона-и единица-и во Министерството за внатрешни работи или во орган во состав на Министерството работи на превенција на криминал и кој е делокругот на таа/тие организациона-и единица-и?

4. За какви форми на криминал постои стратегија/програма/план за превенција?
Доколку има такви стратегии/програми/планови, Ве молам да ми ги испратите електронски.

5. Дали постои, се подготвува или се предвидува донесување на национална стратегија или стратегии односно програми или планови за превенција на следните форми на криминал:
- компјутерски криминал,
- криминал со злоупотреба и фалсификување идентитет,
- трговија со културни добра и други кривични дела против културното наследство,
- кривични дела против животната средина и природните реткости (вклучително и лов и трговија со заштитени видови флора и фауна),
- пиратерија,
- трговија со органи и
- фалсификување медицински производи.
Доколку такви документи постојат, Ве молам да ми ги испратите електонски.
Доколку такви документи се подготвуваат, Ве молам да ми испратите податоци за временска рамка за подготовка и податоци за вклученост на институции во подготовката и користење на странска експертиза/меѓународна соработка.