Тендер за коагулопатии, 2025

Daniel Mitreski made this Freedom of Information request to Јавна здравствена установа – Институт за трансфузиона медицина на РМ – Скопје

  Submit complaint »

Currently waiting for a response from Јавна здравствена установа – Институт за трансфузиона медицина на РМ – Скопје, they should respond promptly and normally no later than (details).


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

To: Јавна здравствена установа – Институт за трансфузиона медицина на РМ – Скопје

Daniel Mitreski

Од (се наведуваат податоци за Барателот):
Даниел Митрески
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
Нема
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Предмет:
Барање за информации за реализација на тендер за набавка на терапија за коагулопатии (оглас бр. 01220/2025)
Почитувани,
Врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Ве молам да ми ги доставите следните информации во врска со тендерската постапка за набавка на заместителна и незаместителна терапија за коагулопатии, со број на оглас 01220/2025, објавен на 03.02.2025, со рок до 05.03.2025, и склучени договори со 7 компании на 08.04.2025:
1. Зошто до денес (22.05.2025) сè уште не е извршена испорака на лекови согласно договорот?
2. Кои се конкретните причини за доцнењето – дали се административни, правни, логистички, или од страна на добавувачите - ве молам за детален одговор.
3. Каква е моменталната состојба со постапките по склучените договори?
4. Дали добавувачите почнале со испорака, и ако не, кога се очекува таа да започне?
5. Кои се фазите на испорака според договорите (делумна или целосна испорака, рокови)?
6. Што точно е предвидено во нивните договорни обврски (рокови, количини, видови лекови)?
7. Која компанија е определена за да врши испорака на лекови во Одделението за трансфузиона медицина – Охрид, при Институтот за трансфузиона медицина и кој лек е определен конкретно за мене, Даниел Митрески, со ЕМБГ: 1808004430000?
Оваа информација е од витално значење за пациентите со коагулопатии, чие здравје и живот зависат од редовна и навремена терапија. Доцнењето во испораката има сериозни последици и претставува ризик по здравјето на голем број пациенти.
Барам да ми се достават бараните информации во рамки на законскиот рок.
Телефонски број: 077-740-555
Со почит,
Даниел Митрески