Жалба за молк на администрација од страна на ЈУ Музеј на град Скопје, како и непостапување по одредби од Договор за дар и Закон за музеи

Përgjigja e kësaj kërkese është vonuar. Sipas ligjit, në të gjitha rrethanat, Јавна установа Музеј на град Скопје është duhur të përgjigjet deri tani (detajet). Ju mund të ankoheni duke kërkon rishqyrtim te brenshem.


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Për: Јавна установа Музеј на град Скопје

Росица Лазеска

Од (се наведуваат податоци за Барателот): Росица Лазеска, со адреса на живеење ул. Димитрие Чуповски бр. 20/22 од Скопје

Застапник/полномошник на барателот на информацијата:

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Поднесувам Жалба за молкот на ЈУ Музеј на град Скопје во врска со моето Барање за пристап до информации од јавен карактер, како и непостапување по Договорот за подарок на музејски предмети (Бр.03-1840 од 29.12.2004).

На 21.12.2023, испратив барање до ЈУ Музеј на град Скопје за пристап до следните информации од јавен карактер: увид во донираниот материјал и негова досегашна грижа од страна на музејот. Според законските одредби и процедурите, ЈУ Музеј на град Скопје има обврска да одговори на ова барање во рок не повеќе од 30 денови, сепак во Барањето нагласив разумен рок од 41 ден.

Независно од законските рокови, молчењето од страна на ЈУ Музеј на град Скопје е спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и спротивно на одредбите во гореспоменатиот Договор за подарок на музејски предмети што се повикува на Законот за облигационите односи и Законот за музеи, како и правото на граѓаните да добијат пристап до информации што се од јавен интерес.

Поточно, во Барњето се повикав на претходно добиен Одговор (Бр. 03-67/2 од 08.03.2023) на Барање (Бр. 03-67/1 од 15.02.2023) до ЈУ Музеј на град Скопје, каде сум одбиена за увид на материјалите кои се донирани што е спротивно на гореспоменатиот Договор. По последното Барање за кое и правно се советував не добив одговор.
На 20. 02.2024 година лично се упатив до ЈУ Музеј на град Скопје каде од Директорот Панче Велков ми беше соопштено дека го нема добиено Барањето, по што личност од администрацијата го фотокопираше мојот заверен примерок.

Според горенаведеното, ве молам да преземете соодветни мерки за да се обезбеди и соодветно правно решение, бидејќи се работи за ексклузивен дониран материјал за кој музејот земал обврска и досега требал да изготви валоризација на истиот и да го прогласи за културно наследство.
Во прилог на оваа жалба, ви доставувам копии од сите наведени документи.