Листа, работни задачи и биографии на советници во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
To: Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија
Од Марија Мирчевска:
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Доставете листа, опис на работни задачи и биографија на (1) кабинетските службеници (2) посебните советници (3) советниците и (4) надворешните соработници кои се моментално ангажирани во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.