Мислење за Договор за отуѓување ОДУ бр. 211/12 и ОДУ бр. 212/12 од 19.10.2012

This request has been withdrawn by the person who made it. There may be an explanation in the correspondence below.


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

To: Општина Прилеп

Олга Самарџиоска

Од (се наведуваат податоци за Барателот): Олга Самарџиоска

Застапник/полномошник на барателот на информацијата:

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Дали во врска со Договорите за оттуѓување на градежно земјиште со ОДУ бр. 211/12 и ОДУ бр. 212/12, склучени на ден 19.10.2012 година и заверени кај нотар Татјана Адамоска Конеска од Прилеп, со кои Општина Прилеп како продавач по пат на јавно наддавање отуѓила градежно земјиште во државна сопственост на КП бр. 23858/23, односно КП бр. 23858/24, КО Прилеп, на правното лице МИП-МАРФИЛ ДОО Прилеп, било прибавено претходно Мислење од Државното правобранителство на РСМ – подрачје Прилеп, согласно член 56 став (2) од Законот за нотаријат кој налага, при составување на нотарска исправа со која се пренесува сопственост на недвижност, кога како страна се јавува Република Македонија, нотарот е должен да прибави претходно мислење од Државниот правобранител.

Во конкретниот случај, Општина Прилеп настапувала како управувач со градежно земјиште во сопственост на Републиката врз основа на Одлуката на Владата на РМ бр. 41-910/1 од 11.02.2012 година, и согласно тоа, правно релевантна е обврската за прибавување мислење од Државното правобранителство.

Дополнително, за наведените парцели постоело барање за денационализација на физичко лице, а според Законот за денационализација, член 6 и член 20 став (1), недвижности за кои постои тековна постапка за враќање во сопственост не смеат да бидат предмет на правен промет додека постапката не биде правосилно завршена.

Ве молам, доколку постои Мислење, да ми биде доставено копие од истото, или доколку не е прибавено, да се наведат причините зошто тоа не е сторено, со оглед на јавното значење и можните правни последици поради склучување договор за оттуѓување на спорно земјиште.