потврди и решенија за назначување на ВД директори
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
To: Министерство за социјална политика, демографија и млади
Од Љубе Маркоски Ул Цар Самоил 140/1-6 со тел 079262220 и е-маил: [email address]
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Да ми се достават решенијата а заедно со нив и потврди за избор на ВД директор на ЈУ Дом за Доенчиња и Мали Деца Битола како и бројот на конкурси спроведени соодветно на член 187 од законот за социјална работа (би требало да бидат најмалку 7 јавни конкурси) за изминатите 7 години како што предвидува законот дека по најмногу 2 последователни мандати треба да се објави јавен конкурс.
Решенија и нивни потписници, односно сите членови на комисиите за избор на ВД директорки на:
1. Виолета Масалковска (актуелна)
2. Анета Талевска назначена во 2022
3. Елена Наумовска назначена до 2022
Заедно со решенијата барам да се испратат и официјални потврди со потпис и печат дека погоренаведените решенија ги исполнуваат\исполнувале законот за вршител на должност и тоа потврдата да содржи податоци како што предвидува член 187 од законот за социјална работа дека ВД директорот треба да ги исполнува истите услови како за директор, односно истиов член повикувајќи се на условите за директор ве молам потврдата да ги содржи следните информации:
Дали назначените кандидатки ги исполнувале следните услови впишани во член 186:
1) е државјанин на Република Северна Македонија;
2) со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на
професија, дејност или должност;
3) има високо образование утврдено со статутот на установата во зависност од
природата на дејноста на јавната установа;
4) најмалку пет години работно искуство по дипломирањето;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за
активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку
74 бода, - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) -
најмалку Б2 (B2) ниво, - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, - БУЛАТС
(BULATS) - најмалку 60 бода или - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
6) поднесе подготвена програма за раководење со установата.
Доколку не исполнувале некој од наведениве услови, ве молам тоа да биде содржано во потврдата која ќе ми биде издадена, Пр. кандидат со (име и презиме) ја раководел установата со виша школа, без соодветен профил или без сертификат по англиски од редот на пропишаните во законот ..........
Ве молам да ми бидат издадени:
3 поединечни потврди за трите погоре наведени лица соодветно на член 186 според условите за избор на директор, односно ВД директор кој треба да ги исполнува истите услови како за директор согласно на законот.
Решенијата за избор и нивните потписници.
Дата на спроведените минимум 7 јавни конкурси за избор на директор во установата во изминатите 7 години согласно член 187 од законот за социјална работа.
Бараните информации да ми бидат доставени и во електронска фрома на е-маил исто и по пошта.
Со почит
Љубе Маркоски