Страница за Упаства за користење

Контакт

Ако вашето прашање не е одговорено, или сакате да не контактирате за порталот Слободен Пристап, контактирајте не.

Прашања до службениците на иматели за слободен пристап до информации #

Има стигнато ново барање за пристап до информации од јавен карактер, како да постапам? #

Порталот Слободен Пристап е услуга која им помага на корисниците да поднесат електронски барања до службените лица кај имателите за слободен пристап до информации и лесно да ги следат и споделат одговорите на нивните барања.

Барањето за слободен пристап до информации пристигнува од регистриран корисник - барател на порталот Слободен Пристап, со претходно креиран профил за пристап на истиот.

Вие како службено лице треба согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да одговорите на барањето исто како што би одговориле на било кое друго барање поднесено усно или писмено. Единствената разлика е во тоа што вашиот одговор треба да биде електронски и истиот автоматски јавно ќе се објави на порталот.

Зошто одговорите на барањата се објавуваат јавно? #

Придобивките од ова се големи, најважно е да се охрабри јавноста да биде позаинтересирана и вклучена во процесот на поголема транспарентност на институциите.

Исто така, интенцијата е дека ќе се намали бројот на исти или слични барања за определна област или до определен имател доколку барателот има увид на одговорите на претходни барања од некое друго физичко или правно лице.

Со оглед на тоа што одговорите на барањата за слободен пристап до информации содржат информации од јавен карактер, сметаме дека не треба да има причина да не се објавуваат јавно.

Дали барањата доаѓаат од вистински корисници или од роботи? #
Да, барањата доаѓаат од вистински корисници. Заради следење на одговорите, користиме компјутерски генерирани адреси за е-маил адреси за секое барање. Пред испраќање на барањето, секој корисник мора да се регистрира на порталот со единствена електронска пошта што потоа ја верификуваме.
Го гледам барањето на порталот, но известувањето на е-пошта не е пристигнато.#
  • Обврска на службеното лице е да одговори на пристигнатото барање преку порталот Слободен пристап.
  • Во случај да не добиете известување за пристигнато ново барање на вашата е - пошта, обидете се да проверите во папките spam или junk на вашата е-пошта.
Како го пресметувате крајниот рок за одговор на барањето?#
  • Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на барањето.
  • Имателот на информацијата е должен да го извести барателот на информацијата во однос на барањето за пристап до информации ако по барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на истото лице во рок од три месеци пред денот на приемот на барањето.
  • Во случај кога имателот на информацијата треба да овозможи делумен пристап до информацијата согласно закон или поради обемноста на бараната информација му е потребно подолго време од рокот утврден во законот, рокот може да се продолжи најмногу до 30 дена од денот на приемот на барањето.
  • Имателот на информацијата за продолжувањето на рокот е должен во електронска форма да го извести барателот веднаш, а најдоцна седум дена од денот на приемот на барањето.
  • Ако имателот на информацијата не постапи во законски предвидениот рок, барателот на информацијата може да поднесе жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Дали може некои информации да не бидат објавени?#

Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до:

  • информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на класификација;
  • личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;
  • информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;
  • информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;
  • информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).