Страница за Упаства за користење
- Вовед
- Поднесување барање
- Службениците на иматели на информации
- Упатство за користење - Баратели
- Упатство за користење - Иматели
Контакт
Ако вашето прашање не е одговорено, или сакате да не контактирате за порталот Слободен Пристап, контактирајте не.
Поднесување барање #
-
Доколку не можете да пронајдете имател, Ви посочуваме начин како тоа да го направите::
- Прелистајте или пребарајте го бараниот имател во порталот во полето “барајте” за да пронајдете достапни и објавени барања слични на Вашето.
- Ако го пронајдовте соодветниот имател во менито “Листа на иматели” или во полето “барај” и доколку постојат податоци за неговата web страна, истата посетете ја за да проверите дали ја имаат објавено информацијата која Вие ја барате.
- Контактирајте имател преку телефон или електронска адреса за да се информирате дали имателот ги поседува информациите кои Вие ги барате.
-
Согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Иматели на информации” се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања, утврдени со закон и дејности од јавен интерес и политичките партии во делот на приходите и расходите.
- Зошто е потребно барањето да биде конкретно?#
-
- Наведете во Вашето барање точно каква информација Ви е потребна за да може полесно да се идентификуваат информациите што ги барате.
- Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации од јавен карактер.
- Ако барањето е непотполно и поради тоа имателот на информацијата не може да постапува, тој ќе побара од барателот на информацијата да го дополни барањето, со укажување на последиците ако тоа не го направи. Барателот е должен да го дополни барањето во рок од три дена од денот на известувањето за потребата од дополнување на барањето, односно во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за потребата од дополнување на барањето.
- Доколку Имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација, тој во рок од три дена од денот на приемот на барањето е должен во одговорот на Барателот да го наведе Имателот кој според содржината на барањето е Имател на информацијата. А Барателот да креира ново барање до соодветниот Имател на информации од јавен карактер преку овој портал за Слободен пристап.
- Дали поднесувањето на барање е бесплатно?#
-
- Увидот во бараната информација е бесплатен.
- Барателот на информација за добиениот препис, фотокопија или електронски запис на информацијата, плаќа надоместок во висина на материјалните трошоци.
- Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за финансии ја утврдува висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации.
- Имателот на информација висината на надоместокот ја објавува на соодветен начин (во службен билтен на имателот на информацијата, интернет страница, огласна табла и слично) и му ја дава на увид на секој барател пред поднесување на барањето.
- Кои се роковите за добивање на одговор на поднесеното барање? #
-
- Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на барањето.
- Во случај кога имателот на информацијата треба да овозможи делумен пристап до информацијата или поради обемноста на бараната информација му е потребно подолго време од утврдениот рок, рокот може да се продолжи најмногу до 30 дена од денот на приемот на барањето.
- Што ако не добијам одговор?#
-
- Имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер доколку не сте добиле одговор ( решение од имателот ) на Вашето барање по истекот на законскиот рок.
- Не сум задоволен од одговорот на барањето, како треба да постапам? #
-
- Имателот на информацијата е должен да го извести барателот на информацијата во однос на барањето за пристап до информации ако по барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на истото лице во рок од три месеци пред денот на приемот на барањето.
- Ако имателот на информации позитивно одговори на барањето или ако барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение.
- Против решението со кое имателот на информацијата го одбил или отфрлил барањето, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
- Агенцијата решава по жалбата на барателот во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата.
- Ако Агенцијата во предвидениот рок не донесе решение по жалбата на барателот против првостепеното решение, а не го донесе ниту во рок од седум дена по повтореното барање, барателот може да поведе управен спор.
- Имателот на информацијата е должен да го спроведе решението на Агенцијата во рок од 15 дена од денот на неговиот прием и за истото да ја извести Агенцијата.
- Дали може исто барање да се испрати до повеќе иматели?#
-
Секако дека може исто барање да се испрати до повеќе иматели, но истото треба да се направи на секој имател поединечно, опција за истовремено праќање кон неколку иматели не постои.