Страница за Упаства за користење
- Вовед
- Поднесување барање
- Службениците на иматели на информации
- Упатство за користење - Баратели
- Упатство за користење - Иматели
Контакт
Ако вашето прашање не е одговорено, или сакате да не контактирате за порталот Слободен Пристап, контактирајте не.
Вовед во Слободен Пристап #
- За што служи Слободен Пристап? #
- Овој портал за Слободен Пристап Ви помага елекронски да креирате и испратите барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.
- Како работи порталот Слободен Пристап? #
- Вие го избирате имателот до кого сакате електронски да креирате и испратите барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, а потоа пишувате краток опис за бараната информација. Вашето барање електронски се испраќа до имателот. Секој добиен одговор од имателите автоматски се објавува на порталот Слободен Пристап и истиот е јавно достапен. Доколку барателот не добил одговор во законски предвидениот рок од 20 дена или не е задоволен од добиениот одговор, може да поднесе жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во рок од 15 дена.
- Која информација е од јавен карактер? #
- Јавна е секоја информација што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.
- Кој има право на пристап до информации од јавен карактер? #
- Секое домашно или странско физичко и правно лице.
- Дали барателите мора да образложат зошто им треба информацијата? #
-
НЕ.
-
Одговорот треба да го добиете веднаш, но не подоцна од законски утврдениот рок од 20 дена.
Рокот може да биде продолжен најмногу до 30 дена во случај:
1) кога информацијата е од поголем обем; или
2) кога се обезбедува делумен пристап. - Зошто да побарам информации од јавен карактер? #
- Секој граѓанин има право да биде информиран, да знае како функционираат јавните институции на локално и на централно ниво. Да знае како се трошат јавните пари, кои се неговите права и како може да ги користи. Користете го вашето право на пристап до информации од јавен карактер! Јавните информации се јавни, а не тајни. Вие имате право да бидете информирани.
- Зошто имателот треба да одговори? #
-
Според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите треба:
- Да ја обезбедат бараната информација (целосно или делумно) со донесување на образложено решение;
- Доколку ја немаат информацијата во одговорот на Барателот да го наведат Имателот кој според содржината на барањето е Имател на информацијата, или
- Да го одбијат барањето со образложено решение.
- Што ако едно барање не е поднесено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер? #
-
- Поднесените барања кои се однесуваат на лични интереси не се сметаат за уредни.
- Неуредните барања со управен акт може да бидат отфрлени од страна на Првостепениот или Второстепениот орган.
- Кој го развил Слободен Пристап? #
- Слободен Пристап го користи Alaveteli, која е развиена од mySociety која е регистрирана добротворна организација. Во 2021 година, порталот е доразвиен и адаптиран за потребите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во рамките на ИПА2 Проектот “Транспарентност и отчетност на јавната администрација”. Користењето и употребата на овој портал Агенцијата го презеде како дел од заложбата „Унапредување на електронски пристап до информациите од јавен карактер“ од Националиот Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година.