Страни за помош

Контакт

Ако вашето прашање не е одговорено, или сакате да не известите нешто за веб-страницата, контактирајте не.

Вовед во Слободен Пристап #

За што Слободен Пристап служи? #
Да Ви помогне да дознаете внатрешни информации за тоа што работи владата.
Како работи страницата? #
Вие го избирате имателот од кого сакате информација, а потоа пишувате кратка содржина во која опишувате што сакате да знаете. Потоа, вашето барање го испраќаме до имателот. Секој одговор што тие го прават автоматски се објавува на веб-страницата за вас и било кој друг да го пронајде и прочита.
Зошто би се мачел да го сторам тоа? #
Плаќате даноци, а потоа владата раководи со вашите пари. Сите видови на работи кои влијаат на вашиот живот, од здравствена заштита до национална одбрана. Некои тоа го прават лошо, некои добро. Колку повеќе дознаваме за тоа како функционира владата, толку подобро можеме да даваме предлози за подобрување на работите што се прават лошо и да ги пофалиме работите што се прават добро.
Зошто имателот би се мачел да одговори? #
Според законот за слобода на информации (FOI), тие мора да одговорат. Одговорот или ќе ги содржи саканите информации, или ќе даде валидна правна причина зошто таа мора да се чува во тајност.
Што ако едно барање е несоодветно? #

Барањата за лични информации и вознемирувачки барања не се сметаат за валидни за цели на слобода на информации.

Ако сметате дека барањето не е соодветно, можете да го пријавите на администраторите на страницата.

Зошто не можам да пријавам некои барања? #

Ако веќе е пријавено барање до администраторите на страницата, не можете да го пријавите по втор пат - со цел администраторите да не бидат известени повеќе пати за истото прашање пред да имаат шанса да извршат преглед.

За барање кое што било пријавено, но администраторот одбрал да не го скрие од јавен преглед, можете да го користите формуларот на страницата за да ги контактирате администраторите ако се уште сметате дека треба да се скрие.

Кој го развил Слободен Пристап? #
Слободен Пристап го користи Alaveteli, која е развиена и управувана од mySociety, регистрирана добротворна организација, што првично беше финансирана од добротворната фондација JRSST. Ако ви се допаѓа тоа што го правиме, тогаш можете да напаравите донација.

Следно, прочитајте за правење барања -->