Прашање за Б интергирана дозвола

Маја Марковска made this Freedom of Information request to Општина Куманово

This request has been closed to new correspondence from the public body. Contact us if you think it ought be re-opened.

Response to this request is long overdue. By law, under all circumstances, Општина Куманово should have responded by now (details). You can complain by requesting an internal review.


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

To: Општина Куманово

Маја Марковска

Од (Маја Марковска):
Прашање по однос на барањето за добивање на Б-ИЕД од страна на „СОПОТ“ ДОО експорт-импорт, Скопје, Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини. Во соопштението е наведено дека барањето во печатена форма ќе биде достапно за заинтересираната јавност во рок од 15 дена по излегувањето на оваа објава во дневниот печат, во просториите на: Одделение за заштита на животната средина и природата во зграда на Општина Куманово. Исто така, барањето, предлог програма за подобрување, план и активности кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе бидат достапни за заинтересирана јавност на веб-страницата на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk. Засегнатата јавност, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето, има право да достави мислење и коментари, во писмена форма до Општина Куманово https://kumanovo.gov.mk/soopstenija/. Барањето за Б-ИЕД не е објавено на веб страната. Исто така нема датум на кој е објавено соопштението, па согласно тој датум да се одреди рокот од 30 дена во кој јавноста има можност за давање на коментари.

Застапник/полномошник на барателот на информацијата:

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер: