Страни за помош

Контакт

Ако вашето прашање не е одговорено, или сакате да не известите нешто за веб-страницата, контактирајте не.

За нашиот API

Вовед

Оваа страница објаснува како програмерите можат да прават други веб-страници и софтвери кои ќе комуницираат Слободен Пристап преку "API".

Слободен Пристап се уште нема целосен API, но ние постепено додаваме многу работи што се слични во употреба со API.

Врски до нови барања

За да ги охрабрите вашите корисници да направат врски (links) до одреден имател, користете ги URL адресите на формуларот /new/liverpool_city_council. Овие се параметрите што можете да ги додадете на тие URL-адреси т.е во URL-то или во самата форма.

  • title - резиме на новото барање.
  • default_letter - содржината на писмото. Поздравувањето (Почитувани ...) и потпис (Твој ...) се поврзани околу ова.
  • body - како алтернатива на default_letter, ја поставува содржината на барањето, за да можете да ги прилагодите поздравувањата и потпишувањето (salutation and signoff).
  • tags - список со тагови, за подоцна да можете да ги најдете и поврзете сите барања направени, на пр. openlylocal spending_id:12345. Означува дека е machine таг. Вредностите на machine таговите може да вклучуваат и колони, кои се корисни за URI.
RSS (уствари, Atom) извори

Постојат извори на Atom на повеќето страници што наведуваат барања за слобода на пристап до информации, што можете да ги користите за да добиете ажурирања и врски во XML формат. Најдете го URL-то на изворот од Atom на еден од овие начини:

  • Барајте ги RSS icon врските на RSS изворот.
  • Испитајте го <link rel="alternate" type="application/atom+xml"> тагот во главата (header) на HTML-от.
  • Додади /извор на почетокот на друга URL адреса.

Особено, дури и комплицираните пребарувања (queries) имаат извори на Atom. Можете да направите секакви работи со нив, како барање по: авторитет, по типот на датотека, според опсегот на датумот или според статусот. Погледнете ги напредните совети за пребарување за детали .

JSON структурирани податоци (structured data)

Неколку страници имаат JSON верзии, кои ви овозможуваат да преземате информации за предмети во структурирана форма. Најдете ги со:

  • Додавање .json на крајот на URL-то.
  • Барање на <link rel="alternate" type="application/json"> тагот во главата (header) на HTML-от.

Барањата, корисниците и имателите имаат верзии на JSON кои содржат основни информации за нив. Секој извор на Atom има JSON еквивалент, кој содржи информации за списокот на настани во изворот.

Список од сите иматели

Датотека која се состои од листа од сите иматели во Слободен Пристап кои постојат: сите-иматели.csv

Напиши API

Пишувањето на API е дизајнирано за да се користи од имателите за да создадат свои барања во системот. API-то во моментов се користи од страна на mySociety FOI Регистриран софтвер за да се поддржи користењето на Алаветели како дневник за обелоденување за сите активности на FOI(слобода на пристап до информации) во одредено јавно тело/имател. Повеќе технички информации за пишување на API се достапни на Alaveteli wiki.

Ве молиме контактирајте не ако ви треба функција од API што се уште не е достапна. Додаваме работи кога луѓето ќе го побараат тоа од нас.