Биографии на директорите и началниците на одделенија
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Për: Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле - Скопје
Од Миша Поповиќ:
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
1. Биографија на директор или вршител на должност директор;
2. Биографија на организациски директор или вршител на должност организациски директор;
3. Биографија на началник на одделение: Дневна болница;
4. Биографија на началник на одделение: Оториноларингологија;
5. Биографија на началник на одделение: Акутни респираторни заболувања кај малите деца;
6. Биографија на началник на одделение: Дијагноза и лекување на туберкулоза.
Ве молам при електронската достава, од биографиите да ги избришете личните податоци како година на раѓање, адреса, телефон, електронска пошта и матичен број, доколку содржат.
Однапред благодарам.
Со почит
Миша Поповиќ