Дали Општина Демир Хисар го обнови договорот со политичката партија СДСМ за закуп на Деловен објект - поранешна стара бања со површина од 140m2, кој е истечен на 26.02.2017?
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
To: Општина Демир Хисар
Од (се наведуваат податоци за Барателот): Мирослав Чадевски
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Дали Општина Демир Хисар го обнови договорот со политичката партија СДСМ за закуп на Деловен објект - поранешна стара бања со површина од 140m2, кој е истечен на 26.02.2017?
Исто така, бараме кратко образложение од сегашниот Градоначалник - Никола Најдовски: дали планира да им понуди нов договор на закупците, овој пат со одредена сума за закупнина(кирија) или во спротивно ќе им достави барање на "закупците" кои 6 години нелегално го користат објектот, да го напуштат истиот се со цел тој да се закупи од страна на друго правно или физичко лице кое ќе плаќа закупнина (кирија) а со тоа финансиски ќе ја помогне општината.
Би Благодарам
Почитувани,
Ве молиме проследете го ова до личноста која управува со барањата за слободен пристап до информации.
Пишувам со цел да побарам детален преглед од Општина Демир Хисар за разгледувањто на моето барање за слободен пристап до информации 'Дали Општина Демир Хисар го обнови договорот со политичката партија СДСМ за закуп на Деловен објект - поранешна стара бања со површина од 140m2, кој е истечен на 26.02.2017?'.
Рокот за одговор на моето прашање одамна е истечен а јас сеуште не сум добил одговор.
Целосна историја за моето барање и сите кореспонденции се достапни на интернет на следнава адреса: https://slobodenpristap.mk/request/dali_...
Со почит,
Мирослав Чадевски