Искористеност на финансиите од унгарскиот кредит, по сектори и по компании

Васко Костурски made this Freedom of Information request to Развојна банка на Северна Македонија АД-Скопје

 

Response to this request is delayed. By law, Развојна банка на Северна Македонија АД-Скопје should normally have responded promptly and by (details)


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

To: Развојна банка на Северна Македонија АД-Скопје

Васко Костурски

Од (се наведуваат податоци за Барателот):
м-р Васко Костурски
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
лично
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Колку пари се искористени досега од заемот од Унгарија?
Колку точно се искористени во последнава (трета) транша, и во кои индустрии по сектор?
Дали има дополнителни услови кои компаниите мора да ги исполнат за да можат да бидат приматели на овој поволен заем?
Преку која Македонска банка има поднесено најголем број барања?
Листа од компании кои досега поднеле и им било одобрено да подигнат средства од унгарскиот кредит

Благодарам на разбирањето