Искористеност на финансиите од унгарскиот кредит, по сектори и по компании

Одговорот на барањево е со пречекорен рок. Според законот, под сите околности, Развојна банка на Северна Македонија АД-Скопје требаше да одговори до сега (детали). Можете да се жалите така што барање на детален преглед.


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

До: Развојна банка на Северна Македонија АД-Скопје

Васко Костурски

Од (се наведуваат податоци за Барателот):
м-р Васко Костурски
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
лично
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Колку пари се искористени досега од заемот од Унгарија?
Колку точно се искористени во последнава (трета) транша, и во кои индустрии по сектор?
Дали има дополнителни услови кои компаниите мора да ги исполнат за да можат да бидат приматели на овој поволен заем?
Преку која Македонска банка има поднесено најголем број барања?
Листа од компании кои досега поднеле и им било одобрено да подигнат средства од унгарскиот кредит

Благодарам на разбирањето