Постапка за донесување на ДУП за УАЕ 11
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
To: Општина Прилеп
Од (се наведуваат податоци за Барателот): Марија Јанкулоска
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
- Дали е поведена и во тек постапка за донесување/измена на ДУП за УАЕ 11, Прилеп (во чиј опфат влегува ул. Кеј 19-ти Септември);
- Во која фаза е таквата постапка во овој момент;
- кој се јавува како предлагач, а кое лице е изработувач на планска документација;
- каде се достапни постојните документи и планска програма и, доколку не се објавени на веб страната на општината, барам да ми бидат непосредно доставени во електронска форма врз основа на ова барање.
Со почит,
Марија Јанкулоска
Почитувани,
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. Весник на РСМбр. 101/2019) во прилог ви го доставуваме Решението по бараната информација.