Барање за пристап до информации од јавен карактер
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Për: Општина Штип
Од (се наведуваат податоци за Барателот): Кире Темов
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Молам Општина Штип да ми достави копии и целосни текстови на следниве информации од јавен карактер:
Официјална политика, наредба или одлука на Општина Штип која предвидува или одобрува употреба на комерцијални е-пошта адреси (Live.com, Yahoo.com, Gmail.com) за јавни служби и официјална администрациска комуникација.
Одлука, препоручување или документ кој ја обосновува употребата на комерцијалните email адреси ([email address], [email address], [email address]) како официјални контакти на Општина Штип.
Документ кој го дефинира процесот на избор на email провајдер за официјални комуникации и јавни служби.
Анализа на ризици или безбедносна процена во врска со користење на комерцијални е-пошта адреси за јавни служби и обработка на информации од јавен карактер.
Документ кој докажува дека користење на Live.com, Yahoo.com и Gmail.com за официјална администрациска комуникација е безбедно и компатибилно со регулативата за заштита на лични податоци.
IT политика на Општина Штип која регулира безбедност, конфиденцијалност и приватност на информациите обработувани преку email системите.
Документирана проверка, анализа или извештај кој потврдува дека е-пошта адресите ([email address], [email address], [email address]) се примени со:
а) Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија
б) Европските стандарди за заштита на лични податоци и GDPR принципи
в) Администрациските стандарди и препораките за јавна служба во Република Северна Македонија