Барање за надзор кое има приемен арх.бр. ИП10907-1294 од 26.10.2021 г.
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
To: Државен инспекторат за труд
Од (се наведуваат податоци за Барателот):
д-р Дијана Петровска, кандидат за вработување
ул.Александар Здравкоски бр.31, тел.070/915-790, [email address]
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
адвокат Томислав Саркоски од Тетово
ул.Радован Цониќ 10, [email address]
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Сите акти донесени во врска со БАРАЊЕТО ЗА НАДЗОР ОД СТРАНА НА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ со арх.бр. ИП10907-1294 од 26.10.2021 г., бидејќи до ден-денес немаме добиено никакво известување. По интерес на кандидатката д-р Петровска од архивата на инспекторатот е добиена информацијата дека предметот е определен на инспекторот Љуљзим Фаризи. Очигледно е прекршување на член 9 од Законот за постапување по преставки и предлози, а и административно премолчување по однос на овој предмет во кој видно се прекршени: член 6 став (1) и (2), член 7 став (2) и став (4) точка 1, 2 и 3, член 23 став (1), член 27, член 29 став (1), член 62 став (1) и член 64 од Законот за работни односи; како и: член 172 став (4), член 173 став (1), член 175 став (1), член 183 од Законот за високо образование.
Од (се наведуваат податоци за Барателот):
Дијана Петровска, ул. „Александар Здравкоски“ бр.31, тел.070/915-790, [email address]
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
адвокат Томислав Саркоски од Тетово
ул.Радован Цониќ 10, [email address]
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Барам детален преглед и известување со правна поука, а не административно премолчување по однос на мојот предмет во кој видно се прекршени: член 6 став (1) и (2), член 7 став (2) и став (4) точка 1, 2 и 3, член 23 став (1), член 27, член 29 став (1), член 62 став (1) и член 64 од Законот за работни односи; како и: член 172 став (4), член 173 став (1), член 175 став (1), член 183 од ЗВО.
Очекувам одговори за следното:
1. Да се утврди Дали Филолошкиот Факултет на Универзитетот во Тетово правилно постапил кога НЕ ЈА ИЗВЕСТИЛ кандидатката д-р Дијана Петровска за изборот, односно не изборот на кандидатот, а согласно Законот за работни односи, како и непостоење на Правна поука за тоа дали кандидатот може да Приговара на изборот, преку кого, до кого и во кој рок.
2. Да се утврди Дали постои ДИСКРИМИНАЦИЈА на Рецензенската Комисија, односно Филолошкиот Факултет на Универзитетот во Тетово при избор на кандидатот за наставно-научното звање вонреден професор.
3. Да се утврди Дали Конкурсот за избор-реизбор на наставници од страна на Деканот на Филолошкиот Факултет е во согласност со законските и подзаконските прописи. (Бидејќи не е во согласност со Законот, целиот Конкурс да се поништи и да се повтори.)
4. Да се потврди Дали се поништени целиот Конкурс и донесената Одлука бр.18-979/1 од 23.09.2021 година донесена од Наставно-научниот совет на Филолошкиот факултет за избор на наставно-научно звање вонреден професор.
5. Да се утврди Дали лицето Михајло Марковиќ сѐ уште е вработено на Филолошкиот Факултет, или пак неговиот работен однос со Факултетот е прекинат од причина што согласно Законот за високо образование чл.175 ст.1, неговиот Договор за вработување трае 5-пет години, односно до 29.09.2021 година. Да се утврди врз основа на каков Договор лицето Михајло Марковиќ до ден-денес е на платен список.
6. Да се утврди Дали има вработено или со Договори за дело/ хонорарно лица на Филолошкиот Факултет кои се во редовен работен однос во други научни институции, како Институт за литература, Институт за македонски јазик и Институт за национална историја, како и две лица кои се редовно вработени во средно училиште.
7. Да се утврди Дали еквиваленцијата на звања (согласно чл.183 ст.2 на Законот за високо образование) може да најде примена кога одредени лица кои се во редовен работен однос на претходно наведените Институти можат да се применат и кога истите лица работаат на Филолошкиот Факултет на Универзитетот во Тетово.
Со почит,
Дијана Петровска