Барање за пристап до информации – општинска пракса за објавување лични податоци
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Për: Општина Штип
Од (се наведуваат податоци за Барателот): Кире Темов
Застапник/полномошник на барателот на информацијата: Не
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Дали Општина Штип има утврдена политика, писмена процедура или стандарден протокол за јавно објавување инспекциски записници на огласни табли или видни места во станбени згради?
Дали е стандарден протокол во тие записници да се изложуваат целосни имиња, адреси и/или мобилни телефонски броеви на станарите?
Во колку случаи, во периодот од 1 Јануари 2024 до денес 23 Ноември 2025, такви записници со лични податоци се поставени јавно во згради во Штип?
Кои механизми и процедури користи Општина Штип за да обезбеди заштита на приватноста и личните податоци на граѓаните при вакво објавување?
Дали има евидентирани пријави или поплаки од граѓани за ваква пракса и како е постапено по нив?