Барање за пристап до информации – општинска пракса за објавување лични податоци
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
До: Општина Штип
Од (се наведуваат податоци за Барателот): Кире Темов
Застапник/полномошник на барателот на информацијата: Не
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Дали Општина Штип има утврдена политика, писмена процедура или стандарден протокол за јавно објавување инспекциски записници на огласни табли или видни места во станбени згради?
Дали е стандарден протокол во тие записници да се изложуваат целосни имиња, адреси и/или мобилни телефонски броеви на станарите?
Во колку случаи, во периодот од 1 Јануари 2024 до денес 23 Ноември 2025, такви записници со лични податоци се поставени јавно во згради во Штип?
Кои механизми и процедури користи Општина Штип за да обезбеди заштита на приватноста и личните податоци на граѓаните при вакво објавување?
Дали има евидентирани пријави или поплаки од граѓани за ваква пракса и како е постапено по нив?
Од (се наведуваат податоци за Барателот):
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Почитувани,
Љубезно ве потсетувам на моето барање за пристап до информации од јавен карактер „Барање за пристап до информации – општинска пракса за објавување лични податоци“, поднесено преку порталот „Слободен Пристап“ на 27.11.2025.
Согласно член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот е должен да одговори веднаш, а најдоцна во рок од 20 дена од приемот на барањето. Овој рок истече на 17.12.2025, а до овој момент немам добиено одговор или решение.
Ве молам да ми го доставите одговорот/решението за бараните информации во најкраток можен рок.
Со почит,
Кире Темов
Почитувани,
Ве молиме проследете го ова до личноста која управува со барањата за слободен пристап до информации.
Пишувам со цел да побарам детален преглед од Општина Штип за разгледувањто на моето барање за слободен пристап до информации 'Барање за пристап до информации – општинска пракса за објавување лични податоци'.
Целосна историја за моето барање и сите кореспонденции се достапни на интернет на следнава адреса: https://slobodenpristap.mk/request/baran...
Со почит,
Кире Темов
Жалби
Корисник: Kire Temov
(kiretemov@icloud.com)
Рендерирај во прелистувач
Превземи