Број на вработени, хиерархиска поставеност и нивни задачи
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
До: Општина Прилеп
Од (се наведуваат податоци за Барателот):
Бобан Митревски
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Барам да ми се достави на увид следната документација:
1. Моментален број на вработени на неопределено време
2. Моментален број на вработени на определено време
3. Моментален број на вработени преку приватните агенции за вработување
4. Моментален број на волонтери
5. Моментален број на практиканти
6. Друг тип на ангажирани лица
7. Вкупно вработени - моментален статус
8. Хиерархиска поставеност, звање по работно место и колку лица ја вршат дадената функција
9. Опис на работни задачи за секоја работна позиција во јавната установа
10. Листа на сите лица вработени во Општина Прилеп на неопределено време со податоци за називот, односно звањето на позицијата на која се распоредени, службен е-маил и службен телефон