Финансиското (деловното) работење на Адвокатската комора на Република Северна Македонија
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Për: Адвокатска комора на Р.С.М.
( Образец ПП……)
До:
АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје
(имател на информацијата)
Б А Р А Њ Е
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Од: Александар РИСТЕСКИ
Адреса: ул. „Стево Црвенковски“ бр. 28/2-48, 1060 Скопје-Ѓорче Петров
Мобилен телефон: 071 512 148
Имејл: [email address]
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
1. Детален финансиски извештај за финансиското (деловното) работење на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, односно за приходите и за расходите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, како и за обртот на финансиските средства (за паричните текови) – во периодот од ден 1 јануари 2019 година, па заклучно со ден 31 март 2024 година.
2. Извештај за состојбата на (не)плаќање на коморската членарина – во којшто извештај ќе биде наведен вкупниот долг на адвокатите кон Адвокатската комора на Република Северна Македонија по основ на неплатена коморска членарина – како и список со поименично наведување на адвокатите кои имаат долг по основ на неплатена коморска членарина, со наведување на износите и периодот на неплатената коморска членарина за секој од поименично наведените адвокати.
(опис на информацијата која се бара)
Начин на кој Барателот сака да се запознае со содржината на бараната информација:
- б) препис
- в) фотокопија
- г) електронски запис
- д) друго: ПИСМЕН ИЗВЕШТАЈ и ПИСМЕНА ИНФОРМАЦИЈА
(се наведува бараниот начин, со заокружување)
Начин на доставување на информацијата:
- а) по пошта
- г) е-маил
Правна поука: Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за Барање за слободен пристап до информација од јавен карактер.
Во Скопје, 9 април 2024 година.
Александар Ристески