Јавна набавка на реагенси за месец Декември

Моментално се чека одговор од Јавна здравствена установа – Центар за јавно здравје – Кочани, тие треба да одговорат брзо и вообичаено најдоцна до (детали).


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

До: Јавна здравствена установа – Центар за јавно здравје – Кочани

Од (се наведуваат податоци за Барателот): Даниела Златкова,

Застапник/полномошник на барателот на информацијата: /

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Број на набавени реагенси за FT4 и TSH за месец декември согласно планот за јавни набавки и колкав е бројот на преостанати реагенси до приемот на барањето.