Спроведување на Решение на Виш управен суд УЖ-1 бр. 188/2023 од 08.11.2023 година

Моментално се чека одговор од Општина Прилеп, тие треба да одговорат брзо и вообичаено најдоцна до (детали).


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

До: Општина Прилеп

Олга Самарџиоска

Од (се наведуваат податоци за Барателот): Олга Самарџиоска

Застапник/полномошник на барателот на информацијата:

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Копие од списите на Општина Прилеп во врска со Решение на Виш управен суд на Република Северна Македонија заведено под УЖ-1 бр. 188/2023 од 08.11.2023 година со чие чија правосилност, Виш управен суд ја задолжува Општина Прилеп да го спроведи истото, односно да го врати недвижниот имот кој се наоѓа на КП бр. 23858 дел 23 за КО Прилеп, во државна сопственост, а во моментот противправно се води со утврдено право на сопственост на Друштво за производство, трговија и услуги МИП-МАРФИЛ увоз-извоз ДОО Прилеп.

Напоменувам сите лични информации содржани во бараните списи да ги анонимизирате во согласност со Законот за заштита на личните податоци, затоа што истите не се предмет на ова Барање.