Годишен план за сеча Општина Прилеп

Моментално се чека одговор од Ј.П. за стопанисување со државните шуми Национални шуми – Дирекција-Скопје, тие треба да одговорат брзо и вообичаено најдоцна до (детали).


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

До: Ј.П. за стопанисување со државните шуми Национални шуми – Дирекција-Скопје

Методија Костоски

Од (се наведуваат податоци за Барателот):
Методија Костоски (советник во Совет на Општина Прилеп)
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
/
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Колку кубни метри (м³) дрвна маса се вкупно посечени и произведени во шумскиот предел Беловодица во текот на 2025 и 2026 година, согласно Годишниот план за стопанисување со шумите, за секоја година одделно?