ПРЕТСТАВКА за вонреден инспекциски надзор со арх. бр. 177 од 21.12.2021 г и 21.2.2022 г.
БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
До: Државен управен инспекторат
Од (се наведуваат податоци за Барателот):
д-р Дијана ПЕТРОВСКА, кандидат за вработување
ул. „Александар Здравкоски“ бр.31, тел.070/915-790
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
адвокат Томислав Саркоски од Тетово
ул. „Радован Цониќ“ 10
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
Сите донесени акти во врска со ПРЕТСТАВКАТА ЗА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР со арх. бр. 177 од 21.12.2021 г и 21.2.2022 г., поради молчење на администрацијата во Државниот просветен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и во Универзитетот во Тетово, а поради прекршување на член 9 од Законот за постапување по преставки и предлози; член 6 став (1) и (2), член 7 став (2) и став (4) точка 1, 2 и 3, член 23 став (1), член 27, член 29 став (1), член 62 став (1) и член 64 од Законот за работни односи; како и: член 172 став (4), член 173 став (1), член 175 став (1), член 183 од Законот за високо образование.
Од (се наведуваат податоци за Барателот):
д-р Дијана ПЕТРОВСКА, кандидат за вработување
ул. „Александар Здравкоски“ бр.31, тел.070/915-790, [email address]
Застапник/полномошник на барателот на информацијата:
адвокат Томислав Саркоски од Тетово
ул.Радован Цониќ 10, [email address]
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
1. Државниот просветен инспекторат на 4.10.2021 г. КОНСТАТИРА НЕПРАВИЛНОСТИ И ПРОПУСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ВИСОКООБРАЗОВНАТА ИНСТИТУЦИЈА УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО, што се спротивни на одредбите во член 176 став (1) и член 173 став (6), став (8) и став (10) од Законот за високо образование (а за што следат прекршочни одредби член 207 став (5)) и изрекува мерка опомена и на правното и на одговорното лице (Решението со мерка опомена Ип1 09-1084 од 4.11.2021 г.). Но на 17.11.2021 г. со арх. бр. бр.о9-1084 е констатирано дека Универзитетот во Тетово „наводно“ ги спровел мерките издадени од Државниот просветен инспекторат, предметот се запира и не се утврдени никакви неправилности во работење на субјектот на надзор, повикувајќи се на несоодветен член 166 став 2 од Законот за високо образование „има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира“ кој е надвор од постапката, а всушност само кандидатката д-р Петровска го исполнува. Каде исчезнаа членовите кои се прекршени? На кој начин се спроведени мерките од страна на Универзитетот во Тетово? Зошто датумите се надвор од роковите? Кандидатката д-р Петровска која е директно вклучена во постапката не е известена што се случува и до каде е постапката.
2. Бараме од Државниот инспекторат за труд преку адвокат Томислав Саркоски со уредно доставено Барање за надзор кое има приемен арх.бр. ИП10907-1294 од 26.10.2021 г. детален преглед и известување со правна поука, но до ден-денес очигледно е прекршување на член 9 од Законот за постапување по преставки и предлози, како и административно премолчување по однос на мојот предмет во кој видно се прекршени: член 6 став (1) и (2), член 7 став (2) и став (4) точка 1, 2 и 3, член 23 став (1), член 27, член 29 став (1), член 62 став (1) и член 64 од Законот за работни односи; како и: член 172 став (4), член 173 став (1), член 175 став (1), член 183 од Законот за високо образование.
3. На 10.12.2021 г. писмено се побарани информации од Универзитетот во Тетово дали е реализиран Конкурсот и дали е избрана д-р Дијана Петровска или е избрано друго лице, бидејќи се поминати шест месеци од објава на Конкурсот, а д-р Дијана Петровска не е известена ниту писмено, ниту по електронска пошта. Д-р Дијана Петровска ги испратила сите потребни документи за конкурсот во оригинал и сè наоѓаат некаде во просториите на Универзитетот во Тетово.
4. По електронски пат се испратени и претставки до Инспекцискиот совет поради молчење на администрацијата во Државниот просветен инспекторат и во Државниот инспекторат за труд, но и од таму нема никаков одговор во врска со предметите со арх.бр. Ип1бр.09-1084 од 4.10.2021 г. и со арх.бр. ИП10907-1294 од 26.10.2021 г.
За текот на постапката институциите не го решаваат проблемот ниту, пак, се вратени документите на д-р Петровска, не е испочитуван ниту еден закон ниту законските рокови. Од увидот на веб-страницата на Универзитетот во Тетово учесниците на Конкурсот веќе добиле напредување во повисоко наставно-научно звање вонреден професор и си земаат повисоки плати и покрај тоа што договорите за вработување на учесниците на Конкурсот престанал да важи на 29.9.2021 г., а, исто така, и спротивно на законите со Договори за дело хонорарно се вработени надворешни лица за вршење на наставно-научна дејност на Филолошкиот Факултет на Катедрета за македонски јазик и книжевност, иако тие лица не исполнуваат услови за вршење наставно-научна дејност на студии од прв степен, а веќе се во редовен работен однос во други научни институции, како Институт за литература, Институт за македонски јазик и Институт за национална историја, како и две лица кои се редовно вработени во средно училиште.
Очекувам одговори и за следното:
1. Да се утврди Дали Филолошкиот Факултет на Универзитетот во Тетово правилно постапил кога НЕ ЈА ИЗВЕСТИЛ кандидатката д-р Дијана Петровска за изборот, односно не изборот на кандидатот, а согласно Законот за работни односи, како и непостоење на Правна поука за тоа дали кандидатот може да Приговара на изборот, преку кого, до кого и во кој рок.
2. Да се утврди Дали Конкурсот за избор-реизбор на наставници од страна на Деканот на Филолошкиот Факултет е во согласност со законските и подзаконските прописи. (Бидејќи не е во согласност со Законот, целиот Конкурс да се поништи и да се повтори.)
3. Да се утврди Дали лицето Михајло Марковиќ сѐ уште е вработено на Филолошкиот Факултет, или пак неговиот работен однос со Факултетот е прекинат од причина што согласно Законот за високо образование чл.175 ст.1, неговиот Договор за вработување трае 5-пет години, односно до 29.09.2021 година. Да се утврди врз основа на каков Договор лицето Михајло Марковиќ до ден-денес е на платен список.
4. Да се утврди Дали има вработено или со Договори за дело/ хонорарно лица на Филолошкиот Факултет кои се во редовен работен однос во други научни институции, како Институт за литература, Институт за македонски јазик и Институт за национална историја, како и две лица кои се редовно вработени во средно училиште.
5. Да се утврди Дали еквиваленцијата на звања (согласно чл.183 ст.2 на Законот за високо образование) може да најде примена кога одредени лица кои се во редовен работен однос на претходно наведените Институти можат да се применат и кога истите лица работаат на Филолошкиот Факултет на Универзитетот во Тетово.
Поради направените сериозни прекршувања бараме ДА ДОНЕСЕТЕ СООДВЕТНА ОДЛУКА ЗАСНОВАНА СПОРЕД ЗАКОН.
Со почит,
Дијана Петровска