Информација во врска со Решение за утврдување на основици на плати на ДКП

Одговорот на барањево е одложено. Според закон, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија требало да одговори веднаш и од (детали)


БАРАЊЕ

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

До: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Од (се наведуваат податоци за Барателот): Ѓорги Тасев

Застапник/полномошник на барателот на информацијата: нема

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Доколку вашиот акт бр. 04-4984/24-3 од 19.04.2024 година, Решение за утврдување на основици на плати на дипломатск - конзуларни претставништва (ДКП) на РСМ за 2024 година не е класифициран и е информација од јавен карактер, би Ве замолил за одговор каде може истото да се најде објавено и/или да се добие на емаил.

Информацијата ми е за споредба во однос на другите министерства кои упатуваат персонал во странство.